Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е отворен за средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун.
Ова тој го изјави во интервјуто објавено вчера на американската информативна програма „Полна мерка“, одговарајќи на новинарско прашање дали би се сретнал со Ким Јонг ун, пренесува агенцијата Јонхап.
-Би се сретнал со секого со кого мислам дека треба. Не мислам дека тоа е храброст или слабост. Мислам дека сребите не се лоша работа. Во таа смисла сигурно дека би бил отворен за такво нешто, рече Трамп.
Американскиот претседател во моментов се наоѓа во Јапонија, една од петте земји кои ќе ги посети во текот на својата 12 дневна азиска турнеја, во рамки на која ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина, Биетнам и Филипини. Со лидерите на овие земји ќе разговара за координирана политика во однос на Северна Кореја.