Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ги бара украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност

0
By Zoran Ivanov on March 19, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 19, 2025 21:25

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, САД да управуваат со украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност, се наведува во заедничката изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц.

САД би можеле да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со своето искуство во електроенергијата и комунални услуги, истакнуваат Рубио и Валц.

Едночасовниот телефонски разговор и Трамп и Зеленски го оценија како добар.

Голем дел од разговорот се темелеше на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин со цел да се усогласат и Русија и Украина во однос на нивните барања и потреби. Ние сме на многу добар пат, објави Трамп на платформата „Трут соушл“.

Додека Зеленски му се заблагодари на Трамп за состанокот на украинските и американските тимови на 11-ти март во Џеда, што „значително помогнал во напредокот кон завршување на војната“.

Се согласивме дека Украина и САД треба да продолжат да работат заедно за да се постигне вистински крај на војната и траен мир. Ние веруваме дека заедно со Америка, со претседателот Трамп и под американско водство, може да се постигне траен мир оваа година, наведува Зеленски.

Тој посочи и дека украинскиот и американскиот тим се подготвени следните денови да се сретнат во Саудиска Арабија за решавање на техничките прашања поврзани со спроведувањето и проширувањето на делумниот прекин на огнот.

На понатамошните состаноци, тимовите може да се договорат за сите неопходни аспекти на напредокот кон траен мир и безбедносни гаранции, наведе Зеленски.

 

бара безбедност Зеленски Трамп Украина Централи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.