Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ги споредува своите проблеми со прогонот на Навални, не го посочува Путин за виновник за смртта на дисидентот

0
By Ана Василевска on February 21, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Доналд Трамп
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 21, 2024 09:47

Нарекувајќи го Навални „многу храбар човек“, републиканскиот фаворит ја спореди кривичната пријава против себе со она што му се случи на покојниот ривал на Путин.

Доналд Трамп ги спореди своите правни проблеми со прогонот на Алексеј Навални, кој почина во оддалечен затвор на Арктикот минатата недела.

Говорејќи за Фокс њуз, поранешниот американски претседател го нарече затворањето и смртта на рускиот дисидент „многу тажна ситуација“, сугерирајќи дека тој веројатно не требало да се врати во Русија.

Сепак, Трамп не префрли никаква вина за смртта на Навални.

Американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери го посочија Владимир Путин.

Во едночасовното интервју, Трамп тврдеше дека неодамнешната казна од 355 долари што му беше изречена на судењето за измама во Њујорк е „форма на Навални“.

„Тоа е форма на комунизам, на фашизам“, додаде тој.

Долго обвинувајќи го рускиот претседател и неговиот потесен круг за корупција и раскош, Навални го помина поголемиот дел од последните години во затвор под обвиненија кои неговите поддржувачи велат дека биле политички мотивирани. Тој беше затворен во 2021 година, откако се врати од Германија каде што се опоравуваше од труење со нервен агенс.

Жена положува цвеќе на Споменикот на жртвите на политичката репресија за да му оддадат почит на Алексеј Навални во Санкт Петербург, Русија, вторник, 20 февруари 2024 година.

Трамп – кој потенцијално би можел повторно да биде следниот претседател на САД – го нарече Навални „многу храбар човек“.

„Тој се врати, можеше да остане настрана и, искрено, веројатно ќе беше многу подобро да остане настрана и да зборува надвор од земјата“.

„Тоа е ужасна работа, но тоа се случува и во нашата земја“, продолжи тој. „Ние се претвораме во комунистичка земја на многу начини. Имам осум или девет судења поради фактот што јас сум во политиката“.

Трамп не го спомна Путин, и покрај постојаните барања од интервјуерот на Фокс Њуз, Лора Инграхам.

Ова е дел од неговото долгогодишно одбивање да го критикува или често да му дава комплименти на рускиот лидер.

Кремљ негираше вмешаност во смртта на Навални и рече дека западните тврдења дека Путин е одговорен се неприфатливи.

За време на интервјуто, Трамп беше прашан дали може да стане „потенцијален политички затвореник“ како Навални.

„Да губев на изборите, немаше ни да зборуваат за мене и немаше да имам никакви правни трошоци“, одговори тој.

„Ако бев надвор, мислам иако ме мразат толку многу, мислам дека ако излезам, тие сè уште би: „Ајде да го гониме овој човек, не можеме да го поднесеме овој човек“.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В.

Алексеј Навални Доналд Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.