Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Кина сака договор но не знае како – ќе склопиме фер договори со сите

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кина сака да постигне договор, но не знае како да го направи тоа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со шампионите од автомобилските трки пред Белата куќа.

Во своето обраќање, тој ги коментираше царините истакнувајќи дека „луѓето почнаа да се однесуваат нервозно“ поради зголемувањето на царините. Видов дека луѓето малку ја преминуваат границата, стануваа нервозни и исплашени, рече Трамп, додавајќи: „За разлика од овие шампиони (возачите на автомобили), ниту еден друг претседател не би го направил она што јас го направив“.

Пред неколку часа Трамп најави царини за Кина од 125 отсто, додека за другите земји ги замрзна на 10 проценти 90 дена, оставајќи простор за преговори.

Трамп особено се фокусираше на Кина, која ја нарече „најголемиот злосторник во историјата“.

Чест ми е што воведов царини за Кина. Кина сака да постигне договор, но тие не знаат како да го постигнат. Претседателот Си (Џинпинг) е горд човек. Многу други земји, повеќе од 75 од нив, сите ни се јавуваат и сакаат договор. Можеме да направиме договор со ЕУ и со Кина, и тој договор ќе биде фер кон сите.

Имаме 36 трилиони долари долгови. Бевме експлоатирани и ограбувани со децении, размислував за тоа со децении. Ништо не е направено за тоа. Го направив истото во мојот прв мандат, но потоа моравме да поправиме се што се случи за време на Ковид, продолжи Трамп.

Американскиот претседател потенцираше дека повеќе од 75 земји веќе контактирале со САД за да преговараат, а на оние што би се обиделе да се одмаздат им порача: „Ако се осветите, ќе ви ги удвоиме царините“. Според Трамп, реакциите од другите земји покажуваат „огромен дух“, а тој останува уверен дека „ништо не е готово“ и дека преговорите ќе доведат до позитивен исход.

 

Договор Кина сите Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.