Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но „ранет“. Ова тој го изјави по извештаите дека бил повреден во нападите на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари. Неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен во тие напади, наведува Ал Џезира.
Мислам дека е веројатно. Убеден сум дека е оштетен, но во некоја форма веројатно е жив, рече Трамп во интервју со водителот Брајан Килмид.
Коментарите на Трамп дојдоа откако изјавата на Моџтаба Хамнеи беше прочитана на иранската државна телевизија во четвртокот. Тоа беше неговото прво јавно обраќање откако ја презеде функцијата врховен лидер.
Инаку, иранскиот амбасадор на Кипар, исто така, потврди дека Хамнеи е повреден претходно оваа недела. Тој за британски „Гардијан“ изјави дека новиот врховен лидер е ранет во нападите на 28 февруари, потврдувајќи ги извештаите во американските медиуми. Неговиот татко и бројни членови на неговото семејство беа убиени во истите напади.




