Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп одговори дали ќе ја нападне Северна Кореја: Ќе видиме!

1
By Нова ТВ on September 3, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање, дали би САД би ја нападнале Северна Кореја, одговори кратко: Ќе видиме!

Претходно на Твитер тој напиша дека најновата провокација од изолираната комунистичка земја ја зголемува опасноста со која САД се соочуваат, додавајќи дека приказната за смирување е безсмислена.

-Тие разбираат само едно!, напиша Трамп не прецизирајќи на што мисли.

Неименувани американски претставници од разузнавањето велат дека САД немаат причина да се сомневаат дека Северна Кореја тестирала напредна нуклеарна направа.

Сепак тие сметаат дека ќе биде потребно време за да се изврши детална анализа за големината на експлозијата и типот на уредот што бил детониран.

На 9 август Трамп се закани дека доколку Пјонгјанг продолжи со провокациите ќе се соочи со „оган бес и сила“ каква што светот до сега не видел.

Но само неколку дена потоа, во контроверзниот говор во Аризона тој го пофали севернокорејскиот лидер дека не ја провоцира Америка.

Тензиите меѓу Северна Кореја и меѓународната заедница се разгореа минатата недела откако Пјонгјанг лансираше проектил преку Јапонија. САД и нејзините сојузници реагираа со испраќање борбени авиони и бомбардери над Корејскиот полуостров во т.н. операција на “покажување на сила”.

 

Трамп во остра изјава на Твитер по инцидентот се закани дека веќе нема да има дипломатија, по што веднаш уследи изјава на американкиот секретар за одбрана Матис кој се обиде да ја смири топката, најавувајчи дека дипломатијата и натаму е опција.

Целиот свет застана во осуда на потегот на Пјонгјанг

По последниот тест на Пјонгјанг Јужна Кореја одржува состанок на Националниот совет за безбедност со кој претседава Мун Јае-Ин.

Директорот за Национална безбедност Чунг Еуи-јонг рече дека Сеул ќе ја бара секоја дозволена мерка, вклучувајќи и санкции од ОН за понатамошно изолирање на Пјонгјанг. Јапонскиот премиер Шинзо Абе го нарече тестирањето апсолутно неприфатливо.

Американскиот советник за безбедност Х.Р. Мекмастер имаше телефонски разговор со неговиот јапонски колега Шотару Таниучи.

Мекмастер го уверил дека Вашингтон е силно посветен на одбраната на Јапонија, вклучувајќи и од нуклеарното застрашување, се наведува во соопштението од јапонскиот советник за безбедност.

Кинеското министерството за надворешни работи побара од Северна Кореја да престане со својата “грешна” акција и побара од земјата да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Кинеската Агенција за нуклеарна безбедност објави дека започнала вонредна контрола на нивото на радијација долж севернокорејската граница, објави Ројтерс. Претходно, руските официјални лица изјавија дека нивото на радијација на далечниот исток на Руската Федерација е на нормално ниво.

Русија наведе дека нуклеарното тестирање заслужува “најсилна осуда” и побара сите вклучени страни веднаш да се вратат на дијалогот.

Францускиот претседател Емануел Макрон побара многу силен одговор од меѓународната заедница за како што ја нарече последната провокација од Северна Кореја.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека последниот потег на Пјонгјанг е екстремно разочарувачки и целосно спротивен од повторените барања на меѓународната заедница.

Што детонираше Северна Кореја

Термонуклеарната или хидрогенска бомба каква што денеска тестираше Северна Кореја, развоена е по употребата на нуклеарната бомба во Јапонија во втората светска војна и е многу поразорна од неа.

Првата хидрогенска бомба која Американците ја тестираа во 1952 година произведе енергија која одговара на 10 мегатони ТНТ, околу 1.000 пати повеќе од атомската бомба фрлена врз Хирошима.

Во овој нов вид бомба, два изотопи на водород, деутериум и трициум, во процесот на фузија се спојуваат и формираат хелиум, со што се ослободува голема количина на енергија.

Во конвенционалното нуклеарно вооружување се користи фисија, или раздвојување, а не спојување на јадрата на атомите, што резултира со силна експлозија.

Со хидрогенската бомба започна трката во нуклеарно вооружување

Една година по Американците и Советите ја испробаа својата хидрогенска бомба, со што започна натпреварот во вооружување со „супербомби“.

Најсилната Х- бомба која е досега детонирана е советската тнр. „цар бомба“ која во 1961 година ослободила енергија од 50 мегатони.

Според експерите, Северна Кореја изминатата ноќ детонирала Х- бомба 10 пати посилна од нуклеарната бомба фрлена на Нагасаки.

Експертот за безбедност Мелиса Ханам напиша дека нема начин да се открие дали тоа што на фотографиите го гледа севернокорјскиот лидер Ким Јонг ун е вистинската бомба која е детонирана во тунелот.

-Можно е да е само модел, но пораката што ја испраќа Северна Кореја е јасна. Сакаат да покажат дека многу добро знаат што е нукеларно оружје, вели Ханам.

Ким Јонг-ун Северна Кореја Трамп хидрогенска бомба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.