Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Одлуката да го оспорам резултатот од изборите во 2020 година „беше моја“

0
By Ана Василевска on September 18, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави синоќа дека примил повеќе совети после претседателските избори во 2020 година и дека одлуката да го оспорува резултатот била негова.

-Тоа беше моја одлука, но слушав некои луѓе, изјави Трамп во интервјуто за Ен-би-си.

За оспорувањето на изборите и за неговите тврдења дека постоел заговор тој да изгуби подигнато е федерално обвинение против Трамп од специјалениот обвинител Џек Смит. Во едно од обвиненијата се вели дека Трамп знаел дека неговите тврдења за изборите се лажни откако бил совеуван од многу непосредни советници дека тој изгубил, но сепак ги ширел тврдењата за да изгледа дека се легитимни, а сето во служба на наводен злосторнички заговор против него.

Трамп сепак, во сите во сите случаи што се водат против него се изјасни за невин и дека не направил ништо незаконски.

-Слушнав (совети) од различни луѓе и заклучокот беше дека изборите се наместени. Знаете кого слушав. Себеси. Видов што се случи, рече тој, бранејќи ја старата позиција дека изборите биле наводно лажни.

Во време кога е обвинет за неговите напори да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година, Трамп води кампања за реизбор на гласањето за претседател на САД идната година во ноември.

Во интервјуто рече дека не ги слушал помошниците и адвокатте кои го советувале дека ги изгубил изборите.

-Ги вработуваш, но никогаш не ги среќаваш овие луѓе за кои добиваш препораки. Излегува дека тие се „рајнос“ (RINOs Republicans in name only). Или не се толку добри. Во повеќето случаи не ги почитувам. Но ги почитував останатите. Многу други кои рекоа дека изборите се наместени, изјави Трамп.

Еден од најсериозните тужби против него за мешање во изборите е онаа од сојузната држава Џорџија. Како што се дозна од протечена снимка од телефонски повик, тој извршил притисок врз државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер, да направи „пребројување“ на резултатот и да „најде“ доволен број гласови за да победи во таа држава.

Според Смит, кампањата на Трамп исто така се обидувала да постави неколку лажни републикански електори во седум клучни сојузни држави.

Трамп е соочен со федерално судење закажано за почетокот на март, 2024 година.

Доналд Трамп избори САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.