Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска по средбата во Рим со украинскиот претседател Володомир Зеленски, рече дека почнува да се сомнева дали рускиот претседател Владимир Путин навистина сака да заврши руско-украинската војна.
„Немаше причина за Путин да употреби ракетни напади врз реони и градови со цивили изминативе денови“, објави тој.
Затоа, вели тој, можеби Путин си поигрува со него.
Почнувам да мислам дека можеби не сака војната да запре, дека ме потчукнува по рамо цело време. И мора со него поинаку, дополни Трамп.
Воедно американскиот претседател најави дека можни се дополнителни санкции за Русија, што следи еден ден откако самиот Трамп рече Украина и Русија се многу блиску до договор за прекин на огнот.