Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, наведе дека новите критериуми налагаат дека сите подносители за виза од шест земји со муслиманско мнозинство, кои се наоѓаат на листата за забранет влез во Америка, мораат да имаат блиски роднини или деловни врски во САД.
Новите критериуми почнувајќи од среда налагаат дека подносителите за виза од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен мораат да докажат дека имаат родители, сопружнуцу, дете, син. ќерка или зет во САД, се наведува во дипломатскиот депеш на Стејт департментот до кој дојде агенцијата АП.
Баба, дедо, вујко, вујна и вереници не се сметаат за блиски роднини.