Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, денешниот ден на инаугурацијата го започна со пост на Твитер во кој порача: Се започнува денеска!.
-Се гледаме на заклетвата во 11 часот. Движењето продолжува – работата запопчнува!, напиша Трамп на социјалната мрежа.
Трамп со сопругата Меланија, денот ќе го започне во црквата која се наоѓа спроти Белата куќа.
Потоа во Белата куќа ќе се сретне со досегашниот претседател Барак Обама и со првата дама во заминување Мишел, по што заедно ќе тргнат кон Капитол Хил на церемонијата на заклетвата.