Американскиот претседател Доналд Трамп ги реши сите дилеми во врска со информациите дали на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата недела во Вашингтон му открил доверливи разузнавачки информации.
– Како претседател сакав да споделам со Русија, за што имам апсолуно право, факти во врска со тероризмот и безбендоста на авио летовите, напиша Трамп на Твитер.
Неговиот коментар уследи еден ден откако медумите објавија дека Трамп наводно споделил чувствителни разузнавачки информации со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на енговата посета во Белата куќа заедно со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак.
Трамп вели дека тоа го направил од хуманитарни причини.
-Покрај тоа, сакам Русија во голема мерка да ја засили својата борба против Исламската држава и тероризмот, вели Трамп.
Руското Министерство за надворешни работи претходно демантира дека американскиот претседател им открил доверлива информација, како што објави весникот Вашингтон пост.
Портпаролката Марија Захарова на Фејсбук напиша дека тврдењата се “уште една измислица“.
Кремљ, наводите на медиумите ги нарече „целосни бесмислици“.
-Тоа не е тема за нас, само е последното парче од бесмислицата. Не сакаме да имаме ништо со тоа, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Вашингтон пост повикувајќи се на американски официјални лица, објави дека Трамп на Лавров му открил многу доверлива информација за време на средбата минатата недела за Исламската држава и со тоа потенцијално го загрозил разузнавачкиот извор.
Весникот објавува дека информацијата која Трамп му ја кажал на Лавров и на рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак е добиена од партнер на САД преку чувствителен разузнавачки партнерски договор.
Партнерот во договорот не им дал дозвола на САД да ја споделат информацијата со Русија, а официјални лица изјавија дека одлуката на Трамп тоа сепак да го направи претставува ризик за идната соработка со сојузникот, кој има пристап до внатрешните кругови на Исламската држава, пишува Вашингтон пост.




