Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп со библија во раката и со закани со војската против демонстрантите

0
By Нова ТВ on June 2, 2020 ВЕСТИ
Фото: huffingtonpost.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во говорот одржан пред Белата куќа, претседателот Трамп изјави дека безредијата и грабежите се акт на внатрешен терор и доколку засегнатите градови и сојузни држави не ги преземат нужните мерки, ќе ја ангажира војската, пишува „Дојче Веле“. Тој се закани со акција на „илјадници тешко вооружени војници и полицајци” во главниот град Вашингтон, заради ставање крај на „насилствата, пљачкањето, вандализмот, нападите и бесправното уништување на приватна сопственост”. Според него, избувнувањето на насилство на протестите во Вашингтон претставува тотален срам.

Соработник во Министерството за одбрана, кој е во тек со настаните, кој според информација на новинската агенција Ројтерс побарал да остане анонимен, изјавил дека се мобилизирани околу 1.200 припадници на Националната гарда за главниот град, а дополнителни 600 до 800 се во состојба на готовост во ноќните часови.

За време на обраќањето на Трамп, што беше пренесувано во живо преку американските телевизии, камерите прикажаа како на улиците наспроти Белата куќа во Лафајет паркот полицајците употребуваат солзавец против мирните демонстранти. Освен тоа, коњичката полиција се обидуваше да ги растури насобраните граѓани. Непосредно по својот говор, претседателот Трамп ја посети црквата во близина на Белата куќа, оштетена во протестите проследени со безредија претходната ноќ.

Веќе цела недела во повеќе американски градови не запираат демонстрациите против полициско насилство, расизам и социјални неправди. Повод за протестите беше смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по брутална полициска интервенција во Минеаполис, во сојузната држава Минесота. Протестите делумно прераснаа во акти на насилства и безредија. Претседателот Трамп во повеќе наврати побара од гувернерите да ангажираат доволно полициски сили за да ја стават под контрола ситуацијата во нивните градови.

„Доколку некој град или сојузна држава одбива да ги примени потребните мерки за одбрана на животите или приватната сопственост на своите граѓани, ќе ја ангажирам војската на САД и така брзо ќе го решам проблемот. Јас сум претседател кој се залага за право и ред”, изјави Доналд Трамп во обраќањето до граѓаните.

Тој вети дека ќе се бори за овие свои залагања и ќе ги заштити граѓаните и земјата. На земјата ѝ е потребна сигурност, а не анархија, праведност, а не хаос, порача Трамп: „Тоа е нашата мисија и ние ќе победиме“.

војска демонстранти Доналд Трамп закани САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.