Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ужива во Белата Куќа, воодушевен е од Овалната соба и телефоните

0
By Нова ТВ on January 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доналд Трамп во предизборната кампања ја помина секоја педа од Америка, патуваше илјадници километри, но генерално никаде не се задржуваше повеќе од  ден-два. Објаснувањето е едноставно – човекот обожува да спие во сопствениот кревет.

Буквално ги излуди своите пилоти и останатиот персонал кои секојдневно мораа да го враќаат во Њујорк.

Новиот претседател веќе седум дена e, на за него досега непознат терен, во Белата куќа. Како се снаоѓа?

Ако се суди по извештајот на „Њујорк Тајмс“, заклучокот е дека не му е воопшто лошо. Дури и неговите соработници се грижеле како ќе успее да живее надвор од Њујорк, но после една седмица ситуацијата изгледа надежно. Трамп делува задоволно, дури и восхитено:

„Што најмногу ме воодушевува? Телефоните! Тоа се најдобрите телефони кои некогаш во животот сум ги користел. Зборовите сами излегуваат од мене“, изјави Трамп во едно интервју, објаснувајќи дека никој не ги прислушува или снима неговите разговори.

А, како изгледа еден обичен ден во новиот живот на Доналд Трамп? Станува од кревет нешто пред шест часот и прво што прави гледа телевизија. Откако ќе ги изгледа сите утрински вести, појадува во Западното крило и ги прелистува весниците, а во исто време објавува нешто на „Твитер“. На неговата маса се „Њујорк Тајмс“, „Њујорк Пост“ и „Вашингтон Пост“.

Неговите состаноци почнуваат околу 9 часот, многу порано отколку што беше навикнат и тука лежи најголемата промена во неговиот живот. Тоа време секогаш било резервирано за неговата омилена преокупација – гледање телевизија.

Сепак, како што наведува „Њујорк Тајмс“, слободното време во вечерните часови му овозможува повеќе време за седење пред ТВ екранот. Книги не сака да чита, така што…

Попладнето му е резервирано за потпишување нови одлуки во Овалната соба за состаноци во Западното крило. Токму од Овалната соба и е најмаѓепсан. Понекогаш седи сам во неа, само ја гледа просторијата и и’ се восхитува.

„Понекогаш го викам семејството и соработниците. Сите влегуваат внатре и само гледаат и се восхитуваат“, изјавил Трамп.

Сите поранешни претседатели имале најмногу замерки на фактот дека понекогаш со денови биле затворени во Белата Куќа. Најмногу се бунтувал Џорџ Буш помладиот, кого ѕидовите го излудувале и кој најмногу сонувал свеж воздух.

Но, кога е Трамп во прашање, тука нема никакви проблеми. Неговите соработници тврдат дека тој може со денови да издржи без да излезе надвор од зградата. Со години живееше во пентхаус на 58. кат во Трам Тауер, а канцелариите му беа на 26. кат.

Трамп потврди дека ужива во неговиот нов дом иако бил прилично лут поради коментарите после неговата инаугурација. Неговиот портпарол се обиде да ги поправи работите, но на крајот се’ заврши со најбизарната прес конференција во историјата на Белата Куќа.

Иако во „Трамп Тауер“, претседателот на Америка, имаше цела војска на послуга, со себе во Белата Куќа не донел никој. Новинарите пишуваат дека немал никакви замерки, па дури и бил задоволен со храната.

Целото негово семејство било воодушевено кога утрото после инаугурацијата ја здогледале шведската маса полна со разни специјалите, а вработените се потрудиле да се најдат и некои посебни десерти кои Трамп ги сакал.

„Ова е прекрасна куќа, многу елегантна. Да знаете само како се чувствувам кога спијам во истата соба, во која некогаш спиел Абрахам Линколн“, изјавил Трамп и заклучил:
„Секако дека се е различно, но јас сум среќен. Ова е чиста елеганција, ова е историја“!

Америка Бела куќа Доналд Трамп Овална соба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.