Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Военото дејствување против Ким би било „уништувачко“

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно упати предупредување до Северна Кореја, дека САД е подготвен на „уништувачки“ воени дејствија доколку тоа биде неопходно, по најавите дека Северна Кореја поставила воени авиони и ракети во база на источниот дел од земјата за да ја покаже својата подготвеност.

Ваквите дејствувања на Ким Јонг Ун, Америка ги има на сателтски снимки.

Во понеделеникот, министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг Хо изјави дека Трамп веќе му објавил војна на Пјонгјанг, и затоа тие се подготвени да соборат американски авиони доколку се движат во близина на Северна Кореја, дури и ако тие летаат во меѓународен воздушен простор.

И ова предупредување на Хо доаѓа откако САД за време на викендот испрати свои авиони близу базата во Гуам.

По средбата со премиерот на Шпанија, Мариано Рахој, Трамп рече дека Америка е целосно подготвена ако треба воено да дејствува и дека Северна Кореја ќе се соочи со „уништување“.

„Ако преземеме таква опција тоа ќе биде уништувачки, уништувачки за Сверна Кореја“, рече Трамп стоејќи покрај Рахој.

Според него, Ким Јонг Ун се однесува многу лошо.

„Тој се однесува многу лошо. Зборува за работи кои никогаш не треба да бидат кажани“, рече Трамп.

Воедно американскиот претседател се пожали и дека ситуацијата со Северна Кореја била во хаос и поради администрацијата на Барак Обама.

„Ќе го поправам хаосот. Ќе видиме што ќе се случува“, подвлече претседателот на САД, Доналд Трамп.

Реториката меѓу САД и Северна Кореја е се поцврста по првиот говор на Трамп на Генералното собрание на ОН, каде за прв пат без дипломатски речник, го нарече Ким „човекот ракета“ и потенцираше дека „целосно ќе ја уништи Северна Кореја“ ако продолжи со нуклеарните тестирања.

Ким му одговори на Трамп

 

Доналд Трамп Ким Јонг-ун нуклеарна програма САД Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.