Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Зеленски  треба да знае дека може да остане без оружје поради Иран 

0
By Zoran Ivanov on March 3, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 3, 2026 10:47

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Truth Social истакна дека Соединетите Држави никогаш немале поголеми залихи на муниција, додавајќи дека ги обновил залихите откако, како што тврди, биле потрошени за време на мандатот на неговиот претходник Џо Бајден.

Трамп рече дека САД можат да водат војна „засекогаш“ бидејќи залихите се „неограничени“.

Залихите на муниција на САД, на средно и повисоко средно ниво, никогаш не биле поголеми или подобри – како што ми беше кажано денес, практично имаме неограничени залихи од ова оружје. Војните можат да се водат ‘засекогаш’ и многу успешно, користејќи ги само овие залихи (кои се подобри од најдоброто оружје на другите земји!)“, истакна американскиот претседател.

Сепак, тој додаде дека САД сè уште не се таму каде сакаат да бидат, и покрај тоа што на највисоко ниво располагаат со добри залихи. Трамп исто така го критикуваше Бајден за давање оружје на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски не е свесен, може да остане без оружје поради Иран. Многу дополнително висококвалитетно оружје е складирано за нас во далечни земји. Соничниот Џо Бајден го потроши целото свое време и пари на нашата земја, давајќи го сето тоа на П.Т. Барнум (Зеленски!) од Украина – стотици милијарди долари вредно – и, додека толку многу висококвалитетно оружје го подари (БЕСПЛАТНО!), не се потруди да го замени“, рече Трамп, алудирајќи на американскиот шоумен, бизнисмен и политичар П.Т. Барнум, познат по промовирање на измами и основање на циркусот „Барнум и Бејли“.

Среќа што ја обновив војската во мојот прв мандат и продолжувам да го правам тоа. Соединетите Држави се опремени и подготвени за ПОБЕДА, ГОЛЕМА!!!“, заклучи Трамп.

Зеленски оружје свесен треамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

ВЕСТИ May 26, 2026

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои,…

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.