Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТрансФормА: „Зошто стрејт луѓето немаат парада?“

0
By Marija Todorovska on June 23, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук профил Skopje Pride
Фото: Фејсбук профил Skopje Pride
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА потсетува дека секоја година, кога се приближува Парадата на гордоста, повторно се појавуваат истите прашања:

„А зошто нема парада за стрејт луѓето?“

„Зошто само ЛГБТИ+ заедницата маршира?“

„Зошто тие имаат право да слават, а ние не?“

Од ТрансФормА велат дека иако овие прашања звучат логично, зад нив стои недоразбирање на целта на Прајдот, па го даваат следното објаснување.

Тие велат дека стрејт луѓето секој ден можат да покажуваат љубов без страв.

Хетеросексуалните луѓе можат слободно да се бакнуваат на улица, да се држат за рака, да објавуваат фотографии од својата врска без да се прашуваат дали ќе бидат нападнати или исмејани. За нив, љубовта е призната како „нормална“ – таа е видлива во филмови, реклами, училишта, книги, семејства. Тоа е привилегија која често се зема здраво за готово, објаснуваат од иницијативата.

Никој не се обидува да им го забрани бракот, го наведуваат како уште еден одговор на прашањата зошто стрејт луѓето немаат парада.

Ниту едно политичко или религиозно движење не се организира за да го спречи правото на брак за хетеросексуалните парови. Ниту една петиција, ниту една уставна промена не е наменета за да им се ускрати тоа право. За разлика од тоа, ЛГБТИ+ луѓето низ светот се соочуваат со активни обиди за поништување на нивните семејни, љубовни и човекови врски, потенцираат од ТрансФормА.

Никој не ги напаѓа затоа што се стрејт, никој не ги казнува за нежност,  никој не ги избркал од дома или работа затоа што се стрејт, наведуваат ТрансФормА.

Никој не ги следи по улица со цел да ги навреди или тепа затоа што се хетеросексуални. Никој не ги убива затоа што сакаат личност од спротивен пол. Во многу земји, ЛГБТИ+ луѓето живеат со страв – страв дека нивната љубов ќе ги чини живот.

Хетеро паровите не се опоменувани во ресторани затоа што се бакнале. Не се исфрлени од училишта затоа што признале кого сакаат. Не биле тепани во парк затоа што се држеле за рака. Но многу ЛГБТИ+ луѓе го доживеале токму тоа – и уште полошо.

ЛГБТИ+ луѓето и денес се соочуваат со отфрлање од семејството, откази од работа, па дури и бескуќништво – само поради тоа што се тоа што се. Стрејт луѓето не мораат да објаснуваат или кријат делови од својот живот за да преживеат. Тие се прифатени – автоматски, пишуваат на својот веб портал од иницијативата ТрансФормА.

Тие наведуваат уште две причини како одговор на претходните прашања кои се често поставувани периодот околу одржувањето на Парадата на гордоста: човековите права на стрејт луѓето не се доведени во прашање и Парадата на гордоста не е „привилегија“ – таа е борба.

Сите права што ги имаат хетеросексуалните луѓе – правото на љубов, брак, родителство, приватност, безбедност, достоинство – им се гарантирани. Тие не мораат да маршираат за да постојат. Нивниот идентитет не е политички ризик, ниту општествена опасност.

Прајдот не е за да се чувствуваме „посебно“. Тој е за да кажеме: „Постои место и за нас. И нема да не снема.“

Парадата е простор каде што конечно можеме да дишеме слободно. Да се држиме за рака без да се плашиме. Да бидеме гласни таму каде што сме биле замолчувани. Да бидеме горди таму каде што сме биле посрамувани.

Хетеросексуалните луѓе немаат парада затоа што не им е потребна. Затоа што живеат реалност за која ние сè уште се бориме. И ќе се бориме – се додека не бидеме еднакви, истакнуваат од ТрансФормА, првата и единствена иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија, предводена од трансродови лица.

Во саботата се одржа шестата Парада на гордоста во Скопје под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно“. Годинава имаше само протестен марш, без традиционална прослава.

 

 

Парада на гордоста Скопје стрејт трансродови лица Трансформа човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.