Филмот „Војска на крадци“ (Army of Thieves) на Зак Снајдер ја симна серијата „Игри на лигњи“ (Squid Game) од првото место на листата со најгледани содржини на Нетфликс, по скоро еден месец доминација. Снајдер ја сподели веста на Твитер.

„Армијата на крадци“ е број еден во повеќе од 90 земји, напиша тој.

Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 /10, а на страницата „Ротен томатос“, која собира мислења од филмските критичари, има 70 насто успешност.