Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска на средба со извидници: Само на таков начин се прават промени во општеството, а иднината останува на кого ако не на вас младите

0
By Marija Todorovska on January 11, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на извидниците кои беа дел од тимот кој ја спроведуваше глобалната иницијатива „Walk and Talk“ во нашата држава. Иницијативата беше спроведена од страна на МТСП во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи.

Како што соопшти Министерството, во иницијативата беа вклучени над 500 млади луѓе на возраст меѓу 15 и 25 години во период од три месеци. Настаните беа спроведени во 16 општини ширум државата.

Министерката Тренчевска и извидниците на средбата разговараа за собраните искуства и посочените потреби на младите од настаните кои беа организирани, замислени како пешачки тури.

Извидничката Снежана Јанковиќ истакна дека пријатната атмосфера која беше присутна за време на настаните гарантираше безбеден простор за секој млад човек да може да ги истакне предизвиците со кои се соочува и понекогаш дури и да сподели решение кое може да им користи и на другите присутни.

Тренчевска се заблагодари за добрата соработка од три месеци, за иновативните патеки и активности кои ги подготвија извидниците и за нивната вклученост во логистичкиот дел на изведување на активностите.

– Млади и посветени лица како вас се почесто треба да бидат присутни во јавноста. Вашиот ентузијазам и љубов кон работата треба да го одликува секој млад човек. Само на таков начин се прават промени во општеството, а иднината останува на кого ако не на вас младите, рече Тренчевска.

На крајот од средбата беа изразени и желби за понатамошна соработка и продолжување на иницијативата „Walk and Talk“ поради позитивниот ефект и влијание кое го имаше врз младите.

извидници Јованка Тренчевска млади УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.