Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Наместо капитални проекти, општините добија паркчиња и чешми

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Реализацијата на капиталните инвестиции на локално ниво има поразителен резултат од 3%, што ја покажува неспособноста на власта“, посочи пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тренчевска направи споредба со април 2024 година кога реализацијата на капиталните инвестиции била 16% на централно ниво, и била критикувана од тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ и сегашната министрка за финансии како слаба и додаде дека сега како власт ниту 10% не можат да реализираат.

Пратеничката на СДСМ потенцираше дека и реализацијата на најавените средства од унгарскиот кредит во општините е далеку од ветените 250 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ имаше изјави дека секоја години од унгарскиот кредит во општините ќе одат 250 милиони евра. Во 2024 се дадени 80, сега ќе дадат 90 милиони евра. Значи 2024 и 2025 година нема да стаса до 250 милиони евра. Тоа се тие лаги кои ги даваше ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата и после неа, нагласи Тренчевска, додавајќи дека во општините наместо капитални проекти има мали проектчиња.

Ако се погледне првиот повик на Владата, освен паркчиња, бекатон плочки, чешми нема посериозни инвестиции во сите општини. Ветуваа општините дека ќе градат преку ваквите проекти и градинки и старски домови, меѓутоа ниту еден проект не се однесува на градинка или на старски дом, ниту пак на проекти против загадувањето, нагласи пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

„Топ Тема“ ВМРО ДПМНЕ капитални инвестиции општини Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.