Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трендафилов: Го миниравте процесот за повисоки плати – ви даваме нова шанса

0
By Zoran Ivanov on February 17, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 17, 2026 13:13

Сојузот на синдикати денеска ги блокираше претставниците на Владата пред почетокот на седницата, порачувајќи им дека не држи ниту еден нивен аргумент за да нема повисоки плати во државава. Тие порачаа дека Владата треба да го стави нивното барање за минимална плата од 600 евра и за раст на сите други плати за 6.000 денари под итно на седницата што е во тек. Притоа, побараа Владата да им пружи рака на работниците, но и на бизнисот.

–Упатуваме пораката до Владата на денешната седница многу сериозно да говорат за барањата на работниците за зголемување на минималната плата и на другите плати. Бараме да му подадат рака и на бизнисот како што ќе им подадат рака на работниците и да ги ослободат од придонесите за задолжително социјално осигурување на оној дел што се однесува на зголемените плати. Пред една година тие еднострано го одбија, иако ССМ и работодавачите беа договорени за најмалку 6.000 денари да се зголеми платата на сите работници и да има ослободување за придонесите. Некој тоа еднострано го одби и го минираше целиот процес, izjavi Трендафилов.

Тој рече дека на протестот има 24 луѓе, колку што има министри, функционери во Владата.

Тука сме да ве нервираме, како што тоа вие ни го правите нам – порача претседателот на ССМ.

И истакна дека Владата неосновано ги одбила нивните аргументи.

Аргументите не беа прифатени од Владата и од работодавачите, дека со зголемување на минималната плата на секоја една затворена фирма, две нови се отвораат, дека им создаваме на газдите капитал меѓу 5.000 и 10.000 евра во нето-износ на годишно ниво. Нивниот аргумент дека ќе ги зголемат платите ако се зголеми продуктивноста, не држи. Меѓународната организација на трудот укажа дека работник со 24.379 денари минимална плата му заработува месечно на газдата 290.000 денари. Само 17 проценти од вкупниот колач им се дава на работниците. Има пари во државата, но колачот не е правилно распореден, рече лидерот на ССМ.

Тој најави дека во наредниот период не исклучува ваквите таргетирани блокади со 21 човек во другите градови и таму да ги блокираат функционерите за да доаѓаат пеш на работните места.

Дополнително, оставаме простор до крајот на февруари да седнат и да кажат за колку пари ќе ја зголемат минималната плата и за колку пари се спремни да ги зголемат сите други плати, затоа што веќе немаат аргументи да не го направат тоа, рече Трендафилов.

Фото: Нова.тв

Влада протест ССМ трендафилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.