Русија е победник на Дејвис Купот за оваа година, откако во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1.
Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6:4, 7:6 во првиот меч за водство на Русите со 1:0 што подоцна беше дуплирано по триумфот на Данил Медведев над Марин Чилиќ со 7:6, 6:2 за трет трофеј на руската селекција во натпреварувањето по 2002 и 2006 година.
Четири нации веќе се квалификуваа за Дејвис Купот во 2022 година. Тоа се годинaшните финалисти, Хрватска и Русија, како Велика Британија и Србија кои добија вајлд карта.