Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три круга за одлука во косовскиот Парламент или нови избори

0
By Нова ТВ on July 29, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 29, 2017 09:26

Доколку пратениците на косовскиот Парламент, во три круга не успеат да изберат претседател на законодавното тело, Косово ќе оди на нови избори, јавува МИА.

Според Риза Смака, добар познавач на Уставот, првиот меѓу еднаквите во законодавниот дом, се избира со мнозинство гласови, односно со 61 глас. Потоа се избираат и пет потпретседатели, што значи  конститурање на Парламентот.

– Но, ако се случи во во првиот круг да не се избере претседател, најбројната парламентарна група има право уште на двапати да предложи кандидат за оваа функција. Доколку и третиот круг на гласање е неуспешен, земјата ќе треба да оди на нови избори, вели Смака.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, конституивната седница на Парламенот ја закажа за трети август, кога најголемата парламентарна група треба да предложи кандидат за претседател на Парламентот.

Инаку, во име на изборната коалиција, ПАН (Демократска партија-Алијансата за иднината на Косово и Иницијатвата за Косово),пратеничката Блерта Делиу-Кодра, изјави дека го обезбедиле потребниот број пратеници  и оти трети август ќе биде празник за Косово, зашто ќе биде контитуиран Парламентот  и избрана новата влада.

Од друга страна Фатмир Колчаку од Движењето „Самоопределување“ изјави дека ПАН до сега има само 39 пратеници, колку што доби на изборите и оти сите други тврдења се само лага.

Пратеничката од Демократскиот сојуз на Косово, Вјоса Османи, изјави дека пратенците од коалицијата ЛАА (Демократски сојуз, Алијансата за Ново Косово и Алтернатива) нема да дадат ниту еден глас за формирањето на Влада предводена од Рамуш Харадинај, а нема да го гласаат ни Кадри Весели,за претседател на Парламентот. За изјавата на ПАН рече дека е „изјава на еден пропаднат план“.

На предвремените избори, одржани на 11 јуни, ПАН освои 39 пратенички мандати, Движењето „Самоопределување“ 32, а коалицијата ЛАА  29 пратеници. По десет пратеници, кои се загарантирани, имаат Србите и партиите на немнозинските етнички заедници. Тие засега немаат став дали ќе ја поддржат коалцијата ПАН, но и доколку ја поддржат, ќе  требаат уште двајца пратеници за да го обезбедат потребното мнозинство./МИА

избори Кособо Парлемент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.