Непознато лице денеска во 10 часот убило три лица, информираа од МВР. Едното лице било убиено во селото Глумово, а две на влез во селото Кондово.
Како што велат од МВР, при обидот за приведување на напаѓачот во село Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, тој извршил самоубиство, а смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Полицијата информира дека увидот е во тек и оти најверојатно сторител е Ш.С. од село Глумово.