Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три нови случаи на мали сипаници во државата, вкупно заболени 17

0
By Нова ТВ on October 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три нови случаи на морбили се регистрирани во државата. Со ова, вкупниот број на заболени се зголеми на  17 , информираат од  Институтот за јавно здравје. Десет од заболените живеат во населба Маџари-Кванташка депонија, две се од Чаир, едно лице е регистрирано во село Сопиште, едно е од населба Шуто Оризари и едно од село Кондово. Едно од заболените деца е од Косово и тоа било однесено на лекување во приватна болница, додека еден од новопријавените е од Прилеп со работа во Скопје.

Родителите на детето од Косово одбиле да се земе биолошки материјал за понатамошна лабораториска анализа и детето истиот ден е вратено на лекување таму.  Нема податок дали било вакцинирано и со кого се било во контакт.

Од вкупниот број  регистрирани случаи, 16 се лабораториски потврдени, а еден е клинички и епидемиолошки поврзан случај. Досега 13 лица биле хосипитализирани  на Клиниката за инфективни болести, а едно дете било примено на лекување на Клиниката за детски болести. Во два случаи се јавиле компликации во вид на пневмонија.

Од Институтот информираат дека најголем број од заболените се деца на возраст од една до четири години, но има и две бебиња помали од една година.

„Во однос на вакциналниот статус на заболените лица, две се вакцинирани со една доза МРП (31-годишна и 44 годишна жена кои примиле прва доза вакцина на возраст од една година), едно лице е вакцинирано со две дози на МРП, а останатите не се вакцинирани (не подлежат или ја пропуштиле вакцинацијата). Притоа, четири од заболените лица се вакцинирани со една доза на МРП во текот на вакциналната кампања спроведена на при крај на септември и тоа два до пет дена пред да заболат“, информираат од Институтот за јавно здравје.

На 25 минатиот месец беше прогласена епидемија на мали сипаници на територијата на општина Гази Баба-Кванташка депонија. Со вонредната имунизација досега вакцини примиле вкупно 8.095 лица. Лекарите откриле дека  571 од нив пропуштиле да ја примат првата доза и 93 лица втора доза и сите тие се вакцинирани.

Морбили три случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.