Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тркалезна маса „Европа е важна: Сега или никогаш“ во Брисел 

0
By Zoran Ivanov on October 16, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 16, 2025 07:12

Во организација на неформираната Фондација „Пријатели на Европа Жак Делор“ денеска во Брисел се одржува на тркалезна маса на високо ниво посветена на состојбата на Европа, насловена „Европа е важна: Сега или никогаш“.

Во време кога општествените кризи се редат една по друга, а геополитичките предизвици се интензивираат, Европа е во опасност. Следните неколку години ќе бидат решавачки во обликувањето на иднината на Европа. Убедени сме дека постои итна потреба за подобро поврзување на доверливи и истомислечки партнери кои сакаат да ги здружат силите во потрага по холистички и одржливи решенија за општествените предизвици на Европа, се наведува во најавата на настанот.

На тркалезната маса е најавено учество на повеќе носители на одлуки од Брисел и цела Европа, меѓу кои и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен, еврокомесарката за старт-апи, истражување и иновации Екатерина Захариева, поранешниот италијански премиер и автор на Извештајот за иднината на единствениот европски пазар Енрико Лета, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, вицепремиерите на Молдавија, Украина и Шпанија, Кристина Герасимов, Тарас Качка и Јоланда Дијаз, како и романската министерка за надворешни работи Оана Цоју.

Превидено е на тркалезната маса да се дебатира за изработка на „еден попаметен буџет“ на ЕУ, за начините како климатската акција да стане вистински двигател на работни места, иновации и безбедност, за одговорите на Унијата за геополитичките турбуленции на нашето време, за можностите за создавање веродостојна и обединета одбранбена стратегија на Европа, за обезбедувањето фер раст и за дилемата дали ЕУ може да биде лидер според свои услови или ќе остане реактивна на надворешни притисоци.

Фондација „Пријатели на Европа Жак Делор“ официјално беше формирана вчера со обединување на Институтите „Жак Делор“ со седишта во Париз, Берлин и Брисел и бриселскиот тинк-тенк „Пријателите на Европа“. Фондацијата е замислена како „прв вистински независен сеевропски тинк-тенк, комуникациска сила и платформа за ангажирање на граѓаните“.

Претседател на Управниот одбор на Фондацијата е поранешниот потпретседател на Европската комисија, Стиви Давињон, а меѓу неговите членови се и Енрико Лета, поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и екс-бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел.

 

Брисел ЕУ маса СЕГА тркалезна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

ВЕСТИ July 17, 2026

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека…

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.