Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трошоците на живот зголемени за 3,7 отсто, а цените на мало за 5,6 отсто

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 7, 2021 13:41

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 проценти, услугите за сместување за 3.3 проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти,

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември минатата година, бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0.1, а цените на мало за 0.5 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 и млекото за 0.3 проценти.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 проценти, услугите за сместување за 3.3 проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 проценти, обувките за 0.3 проценти и моторните возила за 0.2 проценти.

Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 проценти, пивото за 0.7 проценти, рибата и морските плодови за 0.4 проценти, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 проценти.

Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3.1 процент, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2.9 процент, гасот за домаќинствата за 2.2 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1.0 процент, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 процент, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7 проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0.2 проценти.
Државниот завод за статистика зголемени Трошоците на живот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

ВЕСТИ June 11, 2026

Бугарски медиуми објавија дека во најновиот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија се повикува…

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.