Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Труст“: Адвокатката на Кочан побара ослободителна пресуда

2
By Нова ТВ on July 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со завршни зборови на обвинетите, утре во Кривичниот суд ќе продолжи судењето по предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.

На денешното рочиште, што траеше речиси шест часа, завршни зборови даде одбраната на обвинетите, кои од Судот побараа ослободителни пресуди оти, како што наведоа, ниту „Трансмет“, ниту „Силекс“, ниту пак „Вато“ не ја повредиле постапката за јавна набавка, објави МИА.

Адвокатката на Сеад Кочан и „Трансмет“, Маја Дојчиновска појаснувајќи ја постапката на јавната набавка, рече дека во предметното дело не е предвидено дека е сторител на делото оној што несвесно, по грешка, поради превид и слично достави таква документација, туку бара исклучиво и само свест и намера за изигрување на договорниот орган, што во овој случај, потенцира, никако ја нема, ниту има мотив или пак потреба за тоа.

– Секој од нас греши, човечки и природно е да се греши, ако поради грешка и намерен пропуст кривично се одговара, тогаш сите ние треба да бидеме казнети, рече Дојчиновска, а пренесе МИА.

Според неа, СЈО во случајот не понудило доказ за висината на евентуалната имотна корист со која, како што рече, наводно се стекнале обвинетите, а за која бара конфискација. Таа вели дека нејасно е како бараат судот да ги задолжи обвинетите со износ од 1.060.000.000 денари.

Дојчиновска на Судот му посочи дека во овој случај може да донесе единствена пресуда, а тоа е ослободителна, но доколку по било кој основ најде вина кај обвинетите, да има предвид дека Кочан е истакната личност во општествените кругови кој со своето работење придонел за развој на стопанството и економијата, како и дека е работодавач на повеќе од 500 вработени. Адвокатката побара Судот посебно да ја цени околноста дека Кочан многу тешко го погодуваат последиците од поведената кривична постапка поради нарушување на неговиот углед и чест.

Бранителот на Сафет Васиќ рече дека обвинението против „Вато“ е неиздржано и со повеќе примери на Судот му укажа дека Сафет не знаел за никаков план за изигрување на јавна набавка и дека нема никаква поврзаност на „документот на турски јазик“ со влегување на конзорциумот во втора фаза.

Во предметот „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

 

Кочан тенедери во Елем Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.