Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Јануарските пензии зголемени за 722 денари

0
By Нова ТВ on February 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 1, 2020 17:19

Јануарските пензии што ќе бидат исплатени на 324 000 пензионери во земјава ќе бидат поголеми за 722 денари. Ова го истакна вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска која образложи дека покачувањето се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години, реформа со која, како што рече, се заштедени повеќе од 3,7 милијарди денари.

„Покачувањето, секако, се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од вкупно пет проценти. Со ова добиваме просечна од 15,500 што е за 1,746 денари повеќе за разлика од пред две и пол години“, рече Царовска.

Таа додаде дека за мерката за субвенционирање на придонесите за раст на платите Владата издвоила 2,4 милијарди денари во буџетот на МТСП наменети за пензискиот и за здравствениот фонд.

Царовска одговори дека покачувањето не е популизам пред избори туку се должи на позитивните показатели од реформата за стабилизирање на пензискиот систем. Резултатите биле видливи во јуни и тогаш, како што нагласи „далеку од изборите“, утврдиле дека по сите параметри пензионерите со новиот буџет може да добијат покачување до нивото на раст на просечната плата.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Шаип Зенељи соопшти дека во земјава има околу 580.000 осигуреници, а соодносот е 1,8 вработени на еден пензионер. Царовска додаде дека Фонд може да достигне нула дефицит, односно да биде целосно самоодржлив кога соодносот би бил тројца врабиотени на еден пензионер. Смета дека сегашниот дефицит може да се преполови и да се постигне постабилна состојба од сегашната ако понатаму се работи на придонесите и на бројот на вработени во реалниот сектор.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите, Станка Трајкова ја поздрави одлуката и рече дека со зголемувањето се подига вредноста на просечната пензија во државата.

„Зголемувањето најмногу оди во прилог на корисниците кои примаат до просечниот износ на пензија, а тоа се околу половина од вкупниот број на пензионери“, рече Трајкова.

Во оваа пригода таа побара и проширување на позитивната листа на лекови зашто плаќањето лекови што не се на листата негативно се одразува на пензионерскиот буџет.

јануари Мила Царовска пензии покачување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.