Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска тврди дека Межународниот монетарен фонд не побарал зголемување на старосна граница за пензионирање, како мерка за стабилизација на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.
– Во Македонија постојат други чекори што треба да се преземат и за тоа ќе излеземе кога ќе имаме детален план. За да може да се стабилизира Фондот, прво нешто што преземавме е дека го почитуваме законското решение за зголемување на пензиите и усогласување, а не ад хок паушални зголемувања што не се основани, изјави Царовска.
Таа посочува дека е многу важно заложбата на Владата дека ќе се грижи за достоинствена пензија на сегашните пензионери, но и за достоинствена пензија на идните пензионери што е дискусија што заеднички ќе ја отвориме и ќе дискутираме.
– Не е единствено решение зголемување на старосната граница. Тоа е последното решение што треба да се преземе. Во Македонија има други работи што треба да се надминат во системот. Тоа е можеби идно долгорочно, но не размислуваме за тоа, сега има и други мерки што ќе ги преземеме и ќе бидат јавно објавени, изјави Царовска.