Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Сега кажувам-храброста и пркосот на жените се движечка сила

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 8, 2018 08:22

-8-ми Март оваа година го дочекуваме со возобновена, ослободувачка и зајакнувачка енергија која ја предизвика глобалното движење на жените, кои решија гласно да проговорат и да се спротивстават на насилството на кое се изложени. Особено ме радува што и жените од нашата земја се приклучија на светскиот тренд на охрабрување да се проговори за насилството со кое се соочиле, затоа што конечно зборуваме за трансформација на општества. И затоа, сега кажувам дека храброста и пркосот на жените биле и се движечката сила на прогресот во општествата, отсекогаш и насекаде. Сега кажувам дека родовата еднаквост не е само прашање на фундаментални човекови права, туку и основа за просперитет и одржлив развој, истакнува министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, 

Таа говореше на одбележувањето на ратификацијата на „Истанбулската конвенција“, по повод Меѓународниот ден на жената, организирано од Канцеларијата на Обединетите нации.

Според Царовска, прашањето на надминување на родовата нееднаквост и борбата против насилството врз жените не е нешто што можеме да го направиме само со зборови, потребни се конкретни дела.

-Оваа Влада и јас лично како министерка се заложивме дека ќе го направиме неопходниот пресврт, како што доликува на една демократска европска земја, после еден подолг период во кој се уназадуваа веќе стекнати права на жената, а на родовите теми се гледаше исклучиво преку патријархален светоглед, истакнува Царовска.

Министерката посочи дека ратификувањето на Истанбулската конвенција претставува револуционерен чекор во превенцијата и борбата против родово базираното насилство, но клучниот предизвик е доследната имплементација на обврските што се презедоа со прифаќањето на оваа конвенција.

Во финална фаза е донесување на Национален акциски план за имплементација на Конвенцијата. Во изработката на овој документ се вклучени сите релевантни засегнати страни, институции, судови, парламентарки и здруженија на граѓани.

Клучни сегменти од овој план, односно конкретните задачи кои треба да се реализираат се:

-Хармонизирање на постојните закони со новите одредби од Конвенцијата, а потоа и  усогласување на подзаконските акти;

– Воспоставување на мрежа на специјализирани сервиси во согласност со минимум стандардите препорачани од Советот на Европа;
– Согласно со Конвенцијата, треба да се воспостават најмалку 25 засолништа за жртви на насилство  и најмалку 5 кризни центри за жртви на силување и најмалку 3  центри за жртви на сексуално насилство;
– Исто така,  треба да се отворат најмалку 20 советувалишни центри за кризна интервенција, психолошко советување и бесплатна правна помош;

– Неопходна е едукација и обука на социјални работници, полициски службеници,  јавни обвинители, судии и други државни службеници кои работат на спроведувањето на законите поврзани со насилството над жените;

– Потребно е да се развие и усвои концепт за статистичко следење на насилството над жените.

8 март Истанбулска конвенција Мила Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.