Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со претставници на УНИЦЕФ, УНДП и делегацијата на Европска Унија, денеска во 13.30 часот, ќе го посети новиот групен дом во Неготино, во кој ќе бидат сместени три деца со интелектуална попреченост, досега згрижени во Специјалниот завод Демир Капија.
Целта е да се интензивира процесот на деинституционализација, што вклучува развој на социјални услуги во заедницата, односно грижата за децата и лицата со попреченост ќе биде достапна онаму каде што живеат, а не во големи, безлични и сегрегирачки институции.
Попладне предвидено е Царовска да има средба со жителите на село Тимјаник, кои за денеска закажаа протест против ваквата одлука на Министерството.