Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас ќе бара подршка од 180 пратеници за договорот за името

0
By Нова ТВ on April 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најблиските соработници на грчкиот премиер Алексис Ципрас размислуваат евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да се верификува со 180 пратеници,пренесоа грчките медиуми.

Информативните портали In и Eurotoday објавија дека во кабинетот на Ципрас се води дебата за тоа договорот да пристигне во Парламентот,но да биде усвоен од 180 пратеници. За еден закон или одлука да се изгласаат во грчкиот парламент се потребни 151 глас.

„Доколку постои договор за името со ПЈРМ,соработниците на премиерот разговараат за тоа договорот да го достават за гласање во Парламентот и да се одобри,но не со обично мнозинство. Дискусијата сега што се води е во насока да се побара зголемено мнозинство од 180 пратеници. Ова е поради фактот дека станува збор за меѓународен договор и не треба да биде усвоен само со обично мнозинство“ напиша порталот In, а пренесува МИА.

Со слична анализа е и Eurotoday. „Никаква уставна одредба не го обврзува грчкиот премиер да ја постави границата на 180 пратеници,но решавањето на едно национално прашање,не треба се усвои само со обично мнозинство“, пишува порталот Eurotoday.

Грчкиот Парламент брои 300 пратеници, од кои 154 се дел од владиното мнозинство на СИРИЗА и Независни Грци.

Доколку се потврдат написите во медиумите и грчкиот премиер побара 180 позитивни гласови, останува отворено прашањето дали евентуалниот договор за името, би бил изгласан од Парламентот, со оглед на тоа дека Независни Грци и Сојуз на централисти се против име со вклучен терминот Македонија, додека пак, Нова демократија, Река и Демократска алијанса, засега не кажуваат како би гласале, но упатуваат критики до владата за начинот на кој ги води преговорите за името, јави дописничката на МИА од Грција.

Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас изминатите денови ги извести сите релевантни партии во Грција за преговорите за името и за последната рунда разговори во Виена.

Грција Договор Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.