Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Сложено име што ќе важи и за меѓународна и за домашна употреба

0
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 14:40

Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, рекол грчкиот премиер Алексис Ципрас, на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА, пренесува МИА.

Како што рекол, грчката влада има преземено одговорност за да се затвори проблемот „со достоинство и патриотска одговорност“ и ја повторил позицијата на Атина и барањата на грчката страна во разговорите.

– Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба. Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата, рече Ципрас, пренесува МИА.

Во контекст на протестот во Атина, коментирајќи дека владата не ги игнорира демонстрантите, индиректно упатил порака до оние што бараа „да не се даде името Македонија“

– Би сакал да се запрашам, која беше пораката на овој протест? Порака за грчкиот карактер на историјата на Македонија и на Александар Велики и неговото наследство? Ако е оваа пораката, тогаш мислам дека тропаат на отворени врати. Пораката е да не бараме решение на проблемот што е отворен од 1992? Ако е оваа пораката, тогаш е погрешна и е на сметка на националните интереси. Или можеби пораката е, како што рекоа многу од говорниците, не го давајте името Македонија? Ако е ова барањето, не треба да судиме дали е погрешно или правилно, затоа што пред да судиме дали е погрешно или правилно, треба да ја кажеме вистината, дека ова е надвор од рамките на реалноста. Бидејќи ниту оваа влада ниту било која друга од 1992 па натаму не се соочи со таква дилема дали да го даде името, многу едноставно бидејќи името Македонија, Грција, добро или лошо, го има прифатено уште пред многу години, рекол Ципрас.

Тој , говорејќи пред пратениците од СИРИЗА, објаснил дека Грција уште во времето на Југославија го прифатила терминот Македонија во името на соседната земја, а ова прифаќање продолжило со привременото име ПЈРМ, во кое, како што рекол, буквата М значи Македонија. Сега, Владата и земјата, според Ципрас, не се повикани да дадат нешто, што е веќе дадено од другите, туку да добие назад, одредени работи.

– Што да добие Грција назад? Да ги убеди соседите, да запрат да го користат терминот Македонија, без никаква одредница, што јасно ќе става до знаење дека нема ниту географска, ниту историска врска со грчката Македонија. Да одам и чекор понапред, да ги убеди да не присвојуваат, да вратат назад симболи и имиња што не им припаѓаат. И беа направени важни чекори, после Давос, со преименување на аеродромот што се викаше „Аеродром Александар Велики“, и автопатот што ги поврзува Солун и Скопје. И да ги убеди секаде да запрат иредентистичките ставови, порача Алексис Ципрас, пренесува МИА.

Грчкиот премиер истакнал дека нема да бидат лесни преговори, но и дека не постои друг пат, освен да се продолжи со преговорите со соседната земја за да се најде „заемно прифатливо решение без заобиколувања и без отстапки“.

името протест Атина Сириза Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.