Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранцијата за троловите, онлајн насилниците и малициозните профили на социјалните мрежи

0
By Ана Василевска on April 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој континуирано ги следи дезинформациите и пропагандата во медиумите и на социјалните мрежи, бележи дека се користат исти профили кои се постојано во акција – објавуваат статуси и линкови или коментираат со години наназад. Во нивните објави и коментари може да се најде сè: чисти лаги, манипулации, дезинформации, клевети, пропагандни пораки, теории на заговорот, говор на омразата по етнички, верски, расни, родови и политички основи…

Онлајн насилниците нескриено изразуваат восхитување од воени злосторства и се впуштаат во бескрајно величање на криминалци и воени злосторници.

Се служат со пцовки и крајно вулгарни изрази.

Редовно упатуваат закани со егзекуција и повици на насилство и војна.

Најчесто сето тоа се пласира отворено и директно, но и прикриено, преку емотиконите хе-хе, со грубо и навредливо подбивање или со линкови до содржини во медиумите или социјалните мрежи во кои најчесто има дезинформации, пропаганда и говор на омразата.

Сите заедно се дел од агресивната трол машинерија чија цел е да дискредитира и заплашува.

Во повеќе случаи, поддржувачи на ЦИВИЛ пријавуваат дека добиваат приватни пораки со навреди и закани доколку изразат поддршка со лајк, споделување или позитивен коментар.

Ова е неприфатливо однесување кое во голем број случаи е и во судир со законите, вклучително и Кривичниот законик, со кои се регулираат содржините во јавната комуникација.

Мотивите за ваквото дејствување се јасни, а целата операција е според сценаријата за спроведување пропаганда нарачани, одобрени и финансирани од Кремљ.

ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранција за троловите, онлајн насилниците и малициозните профили на социјалните мрежи.

Раководството и Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, заедно со Интегрираната редакција на ЦИВИЛ Медиа донесоа одлука да ги заострат правилата за администрирање на профилите на Организацијата на социјалните мрежи. Со тие правила, Организацијата, всушност, само построго се придржува кон постојните правила за администрација на социјалните профили. Мерките што ги преземаат тимовите на ЦИВИЛ се: архивирање, пријавување и блокирање на профилите преку кои се водат пропагандните кампањи.

ЦИВИЛ останува отворен за критики и поинакво мислење. Доказ за тоа е и рубриката Слободна зона во која се објавуваат колумни и анализи со кои Организацијата може и да не се согласува. Повеќе од една деценија, ЦИВИЛ создава и негува простор за општествен и политички дијалог и натпревар на идеи и ставови. Секој може да испрати став до Редакцијата и, доколку е аргументиран и ги задоволува основните стандарди, може да очекува објавување и почит кон искажаното и напишаното. Но омраза, дезинформации, клевети, навреди и закани – не се толерираат.

Организацијата им изразува длабока благодарност на сите што ја поддржуваат.

ЦИВИЛ

говор на омраза дезинформации социјални мрежи фарма на тролови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.