Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ нема да присуствува на настаните на самитот на ОБСЕ во знак на протест против руската геноцидна агресија и учеството на високиот претставник на државата-терорист

0
By Ана Василевска on November 30, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На еден од највисоките функционери на мрачниот режим со седиште во Кремљ, кој води геноцидна војна против соседна држава, независна и суверена Украина, му беше дозволено да дојде во главниот град на Северна Македонија за да учествува на самитот на ОБСЕ .

ЦИВИЛ изразува најостар протест против доаѓањето на министерот за надворешни работи на руската федерација, Сергеј Лавров и му порачува дека НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, секогаш е на страната на правдата и слободата и се бори против сите форми на агресија, угнетување и кршење на човековите права и слободи.

Поаѓајќи од принципите на почитување на човековите права и слободи, демократијата, правдата, слободата и човековото достоинство, ЦИВИЛ постојано ја изразува својата солидарност со украинскиот народ кој е жртва на руската геноцидна агресија.

Организацијата е на ставот дека одлуката да му се дозволи влез на блискиот соработник на воениот злосторник, Путин, е повеќе од погрешна. На овој начин, нашата земја стана прва членка на НАТО која му дозволи посета на претставникот на рускиот милитантен и злосторнички режим. Ја поздравуваме одлуката на министрите и делегациите на државите кои го откажаа своето учество во официјалната програма на самитот на ОБСЕ. Меѓу нив се британскиот, украинскиот и полскиот министер за надворешни работи и американскиот државен секретар, како и целосното откажување на учеството на делегациите на Естонија, Летонија и Литванија и

Во знак на протест против руската геноцидна војна против Украина и хибридната војна против демократските земји во Европа и светот, раководството на ЦИВИЛ и членовите на здружената редакција на медиумската платформа на организацијата, донесоа одлука да го откажат своето присуство на сите настани на самитот на ОБСЕ, поради присуството на посочениот претставник на државата терорист.

Лавров НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН! Посета од претставник на рашистичкиот режим е прифатлива само како сведок на обвинителството за ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА И ГЕНОЦИД!

#UnitedWithUkraine

#StandWithUkraine

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21
ОБСЕ Сергеј Лавров Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.