Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ за однос на набљудувач кон лице во Бутел: Оди гласај на гробишта

0
By Нова ТВ on September 30, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: civil.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 30, 2018 12:38

Невладината организација ЦИВИЛ го имаше првото обраќање во денот по отворање на гласачките места на денешниот референдум на кој Македонија се изјаснува „за“ или „против“ членство во НАТО и во Европската унија (ЕУ). Нејзините набљудувачи, 307 на број, се распоредени низ целата земја и од почеток го мониторира почетокот процесот, а до 10 часот се забележани низа неправилности. 

На самиот старт се забележани помали технички проблеми како нефункционалност на УВ ламби во неколку избирачки места во општина Петровец. Во неколку скопски општини се нотира доцнење на отворањето на избирачките места. Оние избирачки места каде што доцнењето е подолго од 15 минути, избирачките одбори имаат обврска за исто толку време да го продолжат гласањето на тоа место.

Видливи се трагите од кршењето на изборниот молк во голем број општини низ целата земја. Некои графити се и на самите училишни згради каде што се одвива гласањето, како што е случајот во Јегуновце и Петровец.

Набљудувачи на ЦИВИЛ во општина Бутел лично сведочеле на едно крајно неумесно однесување на акредитиран набљудувач од одредена невладина организација. Според извештајот, се работи за ситуација во која еден повозрасен гласач љубезно прашал каде се наоѓа одредено избирачко место. Одговорот на набљудувачот бил „Оди прашај си го Заев каде е тоа… Гласај на гробишта…“, а потоа уследиле непристојни зборови. ЦИВИЛ располага со детални податоци за бројот на избирачкото место и за името на набљудувачот и апелира до сите инволвирани во процесот да бидат пристојни и строго да се придржуваат кон Кодексот за набљудување и кон Изборниот законик.

Од балконот на зградата спроти основното училиште „Браќа Миладиновци“, Струга, три лица, чии податоци се познати на ЦИВИЛ, ги фотографираат сите гласачи што одат на гласање во избирачките места во тоа училиште.

Во ОУ „Толи Зордумис“ во Куманово, на ИМ 955 еден брачен пар не бил на Избирачкиот список, па ги препратиле во ИМ 955/1, каде што го пронашле само сопругот, додека сопругата не била во можност да си го оствари правото на глас, бидејќи ја немало ни таму.

На истото ИМ 955, при кинење на ливчето, тоа се скинало каде што бил ставен печатот. Ливчето го залепиле со самолеплива лента и му било дадено на гласачот. На овој начин е нарушена тајноста на гласањето, бидејќи сите од комисијата, при пребројување на гласовите, ќе знаат како гласал граѓанинот.

Двајца гласачи нема на Избирачкиот список ни во ИМ 2843, општина Центар.

На Фејсбук профилот „Бојкотирај референдум“ има пост на кој пишува: „Сликајте ги и снимајте ги изродите на македонскиот народ што ќе излезат да гласаат утре! По референдум „почесто“ ќе ги објавуваме.“ Овој пост има околу 80 споделувања, но речиси сите кои го споделиле статусот се луѓе од други земји или се лажни профили.

Во ОУ „Адем Јашари“ во општина Чаир на избирачко место 2879 едно лице си направи селфи како го става гласачкото ливче во кутија за гласање. Беше предупреден од член на избирачка комисија.

ЦИВИЛ се залага за максимално почитување на правото на глас и ги охрабрува граѓанките и граѓаните тоа право и да го искористат. ЦИВИЛ не води кампања, ниту ЗА, ниту ПРОТИВ, а го уважува и правото на гласачите да апстинираат, но остро се спротивставува на говорот на омразата, притисоците и поткупот.

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да пријават поткуп, притисоци и закани на онлајн пријавата на веб страницата Слободни избори или на телефоните: 02 / 5209 176, 070 / 461 480. Тимот за анализи и координација на ЦИВИЛ отвори прес центар во 6 часот утрово и ќе биде отворен до полноќ.

набљудување референдум Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.