Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЦМС: Албанците се поголеми жртви на корупција отколку Македонците

0
By Нова ТВ on August 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најкорумпирани професии во Македонија се судиите, министрите, лидерите на политичките партии, пратениците, цариниците и јавните обвинители а 85 отсто од граѓаните платиле полицаец за да не им биде одземена возачката дозвола.

Ова е резултатот на анкетата на македонскиот Центар за меѓународна соработка (МЦМС) кај македонските граѓани. Според податоците на МЦМС во 99 проценти од случаите во кои граѓаните биле подложни на поткуп споредбено со казнетите или признаени како корупција биле прогласени само 0,04 проценти од делата.

Најчеста корупција е поткуп на полицаец, потоа следат државните службеници, 46% од граѓаните мислат дека државните службеници се вмешани во корупција, а исто толку сметаат дека таа тешко ќе се искорени. Само 7,4% од граѓаните ја пријавуваат корупцијата, иако две третини од нив се свесни за неа.

Поразителен факт од оваа анкета е тоа што корупцијата во Македонија ја поддржуваат и младите. Дури 47% од оние меѓу 18 и 29 години сметаат дека корупцијата е прифатлива, а слично мислат и старите меѓу 40 и 49 година.

Анкетата вели дека Албанците се поголеми жртви на корупција отколку Македонците. Над 80 отсто од Албанците на кои им бил побаран поткуп ги дале бараните пари. Четириесет отсто од Македонците се соочиле со барање на поткуп а 35 отсто одговориле позитивно и дале пари.

Сепак големата корупција не е основниот проблем на граѓаните. Основниот проблем е сиромаштијата и економските проблеми а корупцијата е на петто место.

Истражувањето на МЦМС е правено на 1000 испитаници од 27 јануари до 3 февруари годинава според метод признаен од ООН како најдобар за мерење на корупцијата во една земја. Истражувањето го помогна фондацијата USAID.

 

анкета Корупција ЦМС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.