Црна Гора е првата државата во Европа без активни случаи на коронавирус. Националниот Институт за јавно здравје во последните 24 часа направи 140 тестови при што не е регистриран ниту еден позитивен примерок.
„Во Црна Гора во овој момент нема ниту активни случаи на инфекција со ковид-19. По 68 дена од првиот регистриран пациент, Црна Гора моментно е без заболени лица со коронавирусот“, се наведува во соопштението од Институтот.
Од почеток на епидемијата, во Црна Гора заболеа 324 лица со ковид-19, а девет од нив починаа од компликации предизвикани од вирусот.