Подгорица: Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници на Војската на Црна Гора (ВЦГ) во Мисијата за воена помош на Европската унија за Украина (EUMAM UA).
49 пратеници гласаа за одлуката, а тројца беа воздржани.
Министерот за одбрана Драган Краповиќ на седницата на Собранието објасни дека мисијата ЕУМАМ обезбедува обука за припадниците на Вооружените сили на Украина во хемиско-нуклеарна одбрана, медицински аспекти и деминирање, како и оперативна обука за подготовка на чети.