Меѓу цртежите и сликите на Али е и една насловена „Америка: Голем затвор“, од 1967 година, и „Војната во Америка“ и се проценува дека овие би можеле да бидат продадени за 25 до 35 иљади долари.

Колекција од 24 цртежи и слики, некои од нив карикатури потврдуваат дека Али бил обземен со верски прашања и општествена правдина, но некои негови слики се приказ и на самиот автор во боксерски ринг.

Аукциската куќа „Бонхамс“ очекува дека збирката ќе биде продадена за сум од 40 до 50 иљади долари.

„Многумина се воодушевени бидејќи не знаеле дека Али бил уметник. Затоа има голем интерес, изјавила Хелен Хол, директорка на одделот за поп култура на „Бонхамс“.

Поранешниот светски првак во тешка категорија кој 1964 година на врвот од својата кариера, религиозно се преобрати во Ислам, а умре во 2016 година на 74 годишна возраст по долга битка со Паркинсонова болест.

Меѓу цртежите и сликите на Али е и една насловена „Америка: Голем затвор“, од 1967 година, и „Војната во Америка“ и се проценува дека овие би можеле да бидат продадени за 25 до 35 иљади долари.
Во 1967 година, боксерот се судри со власите на САД бидејќи одби да учествува во војната во Виетнам, и беше осуден со затворска казна, но сепак ја избегна и плати парична казна и доби забрана деа боксува три години. (А.В)