Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковска: Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем

0
By НОВА ТВ on September 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 15, 2021 17:55

„Пред Судскиот Совет стои предизвикот за кадровско пополнување на судовите, како со судии, така и со администрација, особено заради фактот дека следува период во кој многумина судии ќе ги исполнат условите за пензионирање, па како итност се отвора прашањето за избор на нови судии“, истакна претседателката на Судскиот Совет, Павлина Црвековска, на конференцијата посветена Стратегијата за реформа во правосудсниот сектор 2017 – 2022, во организација на Институтот за европска политика и Асоцијацијата Зенит, со поддршка на Европската Унија. Таа додава дека иако во Стратегијата за реформа на пправосудниот сектор 2017- 2022, но и во други документи, се посочува дека бројот на судии е поголем од европскиот просек кога се мери според бројот на населението, сепак нашите судии, според статистиката, имаат голем број предмети за решавање, па секое намалување на нивната бројност штетно ќе се одрази врз функционирањето на судскиот систем.

-Можеме во иднина да го отвориме ова прашање, особено кога ќе ги имаме резултатите од пописот, но потребно е време судовите да го совладаат големиот број предмети, а за тоа ни се потребни судии и судски службеници.“-истакна Црвенковска.

Според неа уште еден предизвик за Судскиот Совет во следниот период е финансиското осамостојување на судската власт со цел да се спроведат посуштински и посеопфатни реформи, а со крајна цел да имаме професионално и ажурно судство, но и задоволни граѓани кои ќе му веруваат.

„Советот е во постојана заложба за зголемување на средсвата кои се наменети за судството. Несомнено дека финансиската независност ќе ни донесе порационална распределба на средствата, ќе можеме побрзо и навремено да вработуваме, да планираме инвестиции, но и да се грижиме секој суд да функционира и да ја исполнува основната задача – низ транспарентни постапки да носи квалитетни пресуди“- нагласи Црвенковска.

Во однос на насоките од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, таа истакна дека голем дел се реализирани, зголемена е транспаретноста на Судскиот Совет со тоа што седниците на Судскиот буџетски совет се отворија за јавноста, а отворени остануваат и седниците на Судскиот Совет. Црвековска ја посочи Методологијата со индикатори преку која ќе се утврдува сложеноста на судските предмети, документ кој неодамна е усвоен и кој наскоро ќе има пилот проект.

„Методологијата со индикатори ќе овозможи соодветна распределба на предметите, а судиите ќе ги ослободи од натрупаност со предмети, или едноставно судовите ќе испорачуваат поефикасна и навремена правда. Започнуваме со поставување на дигиталниот механизам преку кој ќе се внесуваат податоците за предметите, како докази, сведоци, планирани судења… и сето тоа ќе го означи предметот по својата сложеност. За почеток се предвидуваат три пилот судови, за потоа методологијата да се применува од страна на сите судии.“- говореше Црвенковска на конференцијата за Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017 – 2022.

Павлина Црвенковска Стратегија за реформи Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.