Европскиот клупски ракометен првак од 2017 година подобар од континенталниот владетел во 2018 година. Вардар го совлада Монпелје со 33:27 (полувреме 16:13) во последниот меч од групата А во Лигата на шампиони и го запре во мисијата за одбраната на титулата пред нокаут фазата.
„Црвено-црните“ дефинитивно завршија како трети на табелата со оглед дека и Веспрем триумфира над Кјелце на гостувањето во Полска со 36:35 и во осминафиналето ќе играат со ППД Загреб или со Мотор Запорожје во зависност од конечниот расплет во групата Б.
Даинис Кристопанс беше лидер во тимот на Вардар со седум гола, Игор Карачиќ реализира шест, Иван Чупиќ даде пет, по четири пати погодија Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов. Листата на стрелци кај Монпелје ја предводеше Валентин Порт со пет погодоци, еден помалку од него постигнаа Фредрик Петерсон, Мелвин Ричардсон и Вид Кавтичник.
Лига на шампиони во ракомет (м)
Група А, 14 коло
Вардар – Монпелје 33:27
Барселона – Рајн Некар Левен 30:25
Кјелце – Веспрем 35:36
Мешков Брест – Кристијанстад 32:23
Табела: Барселона 24, Веспрем 20, Вардар 19, Кјелце 14, Рајн Некар Левен 14, Мешков Брест 9, Монпелје 7, Кристијанстад 5.