Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Црвено-црна“ рутина во Германија: ЖРК Вардар го „прегази“ Лајпциг

0
By Нова ТВ on November 19, 2016 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЖРК Вардар во голем стил ги заврши настапите во групата Б во Лига на шампиони. „Црвено-црните“ ракометарки славеа на теренот на Лајпциг со 45:22 (22:9) и со 7 бода се селат во главната фаза во елитното натпреварување. Противници на вардарки во неа ќе бидат Будуќност, Мец и Турингер од групата А.

Најефикасна во составот на Давид Дејвис попладнево во Германија беше Александра Лакрабер со 10 гола. Радичевиќ постигна 5, по четири запишаа Човиќ, Ристовска, Лазович и Лекиќ, по трипати погодија Херем и Дамњановиќ, Мавсар, Илјина и Хмирова учествуваа со два погодока во петтиот триумф на ЖРК Вардар, втор со преку 40 реализации во оваа сезона. Во листата на стрелци не влегоа само Кликовац и голманките Лејно и Песоа, во комбинација за настап воопшто не беа Пенезиќ и Алтхаус.

Лигата на шампиони во женска конкуренција е пред две ипол месечна пауза. Од 4 до 18 декември се игра Европското првенство на кое домаќин е Шведска, а возбудувањата во клупската ракометна елита на стариот континент продолжуваат во последниот викенд во јануари.

Лајпциг – ЖРК Вардар 22:45 (9:22)

Сала: „Лајпциг арена“ бо Лајпциг. Гледачи: 1.500. Судии: Петер Бруновски и Владимир Канда од Словачка

Лајпциг: Крамарчик, Курцке, Рот, Мацуко, Еинарсдотир, Хубингер 4, Ланг, Ремер 5, Штурм 4, Роде 1, Вајсе 5, Телиг 3. Тренер: Норман Ренч

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 минути

ЖРК Вардар: Лејно, Песоа, Радичевиќ 5, Кликовац, Херем 3, Мавсар 2, Дамњановиќ 3, Лазович 4, Илјина 2, Човиќ 4, Лакрабер 10, Хмирова 2, Лекиќ 4, Ристовска 4. Тренер: Давид Дејвис

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 6 минути

ЖРК Вардар Лајпциг Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.