Центарот за управување со кризи , утрово соопшти дека од Романија пристигнал еден „Канадер“ и уште еден поголем авион „Херкулес“ кој ќе пристигнел околу пладне .Ова летало користело таканаречени „падобрани водени бомби“. За кусо време, како што известија, ќе бидат ставени во функција. Овие летала ќе се полнат со вода  најверојатно од Преспанското езеро, со оглед на фактот што поради Унеско, не може да се полни од Охридското езеро.

Покрај леталата, Романија испратила и пожарникари и други материјално технички ресурси кои ќе биле распределени каде состојбата е најкритична.

Вчера, како што е познато, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, контактира со својот романски колега Николае Јонел Чука, со барање за  помош. Романија одговори позитивно на барањето кое е реализирано во рамки на Нато сојузништвото, за помош во кризни ситуации.