Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цукерберг: Јас сум одговорен и жал ми е

1
By Нова ТВ on April 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберк пред американските сенатори, презеде вина за протекувањето на приватните податоци на корисниците.

– Сега е јасно дека не направивме доволно за да ги спречиме овие алатки да бидат злоупотребени – рече Цукерберг.

Четириесет и четири сенатори, членови на двете комисии, му поставуваат прашања и секој има по четири минути за прашање и уште толку да слушне одговор.

Техничкиот гигант “Фејсбук” и фирмата за анализа на податоци “Кембриџ Аналитика” се во центарот на скандалот околу собирањето и користењето на личните податоци – и дали тоа било искористено за да влијае на резултатот од претседателските избори во 2016 година или референдумот на Брегзит во Велика Британија.

Возниак: Фејсбук од своите корисници направи продукти

Соосновачот на „Епл“, Стив Возниак вчера во изјава за неколку американски ТВ мрежи укажа дека Марк Цукерберг нема да направи ништо за да ја „исправи грешката со Фејсбук“.

Цукерберг е под огромен притисок од јавноста поради улогата на социјалната мрежа во загрозување на приватноста на милиони корисници и руската вмешаност во изборите во 2016 година. Тој денеска со почеток во 14 часот по локално време (20 часот по македонско време) го започна сведочењето пред сенатските комисии за правда и за трговија.

Возниак изјави дека Цукерберг би можел да ја исправи грешката, но дека тоа нема да го стори.

– Карактерот на личноста на се менува. Се вршат мали измами и се прават лесни дела, но ако заштитата на вашата приватност чини пари, тогаш нема да направам ништо, го опиша тој основачот на Фејсбук.

Возниак додаде дека компанијата „Епл“ целосно се придржува до заштита на приватноста на своите корисници, додека Фејсбук од своите корисници направила продукти.

Тој минатата недела го исклучил својот профил на оваа социјална мрежа како реакција на кршењето на приватноста. Ова го сторија безброј други познати личности во САД.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.