Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тур де Франс: Саган употреби лакт и доби дисквалификација (Видео)

0
By Нова ТВ on July 4, 2017 СПОРТ
Фото: letour.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 4, 2017 22:36

Себастијан Фетел како пример за Петер Саган. Меѓутоа лош. Чешкиот велосипедист кој е светски шампион и важи за најдобар светски спринтер се избламира во четвртата етапа на Тур де Франс и се соочи со дисквалификација од натамошно учество во трката. Неспортскиот и срамен потег на Чехот се случи во завршните стотина метри на делницата од Мондорф до Вител во должина од 207,5 километри.

Во борба за што подобра позиција тој го употреби десниот лакт и го оттурна Марк Кавендиш. Британецот загуби контрола, рамнотежа и ритам и падна на асфалтот и со себе повлече уште неколку велосипедисти кои не можеа да ја избегнат непријатноста. По завршување на етапа и прегледување на снимките, организаторите решија да се „заблагодарат“ на Саган за учеството на трката иако Чехот се извини за непромисленоста.

Како последица на силниот пад, како што пренесуваат тамошните медиуми, Кавендиш се здобил со повреда на рамото. За нејзината сериозност што би значела и евентуалната пауза на Британецот, сепак, ќе се чекаат деталните лекарски прегледи.

Етапната победа на крајот ја славеше Французинот Арно Демар кој оствари време од 4:53,54 часа пред Норвежанецот Александар Кристоф и Германецот Андре Грипел кој се искачи на подиумот по бришењето на резултатот на Саган и дисквалификација од Тур де Франс 2017.

Британецот Џерент Томас остана ллидер во генерачниот пласман со вкупно време од 14:54,25 часа. На второто и третото место, со идентично заостанување (12 секунди), се неговиот сонародник Крис Фрум и Австралиецот Мајкл Метјуз.

Утре се вози петтата етапа на трката од Вител до Ла Планш долга 160 километри.

Велосипедизам Марк Кавендиш Петер Саган Тур де Франс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.