Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турканици за вакцини, од понеделник „затворено за невакцинирани“ 

0
By НОВА ТВ Balaban on August 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Дел од граѓаните велат дека доаѓаат на вакцина поради заштита на здравјето, а дел потврдуваат дека токму сега примаат вакцина поради новите мерки – вели Миркоска 
Значително е зголемен интересот на граѓаните за вакцинација овие два-три дена, по одлуката на Владата за новите мерки против ширењето на ковид-19 кои почнуваат да се применуваат од понеделник – една од нив е лице кое не примило вакцина нема да има право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 учесници.
Од скопската поликлиника Букурешт изјавуваат дека двојно повеќе граѓани доаѓаат да се вакцинираат во последниве денови, а тврдат дека не враќаат никого – ниту за прва доза, ниту за ревакцина. Слично е и во другите скопски пунктови за вакцинација.
– По најавата на новите мерки кои стапуваат на сила од понеделник обемот на имунизација е зголемен во овие два три дена и тоа за најмалку двапати! Особено заинтересираноста за вакцинација е зголемена кај млади лица, но и кај  возрасните. Еве на дневно ниво вчера дадовме 1400 вакцини и тоа прва доза, како и ревакцина, а порано аплициравме од 500 до 600 дози – изјави за  НОВАТВ главната сестра во поликлиниката, Силвана Миркоска.
Таа додава дека на пунктот во поликлиниката Букурешт успеваат да одговорат на зголемениот обем на работа, а за тоа која причина ја наведуваат граѓаните коишто доаѓаат да се заштитат од ковид-19 и дали поитаа сега да се имунизраат за да можат непречено да влезат во ресторан, на спортски настан, изложба или концерт, Миркоска вели:
– Имаме доволно екипи на располагање за никој да не вратиме. Дел од граѓаните велат дека доаѓаат на вакцина поради заштита на здравјето, а дел  потврдуваат дека токму сега ја примаат вакцината поради најавените нови мерки во рестораните и на други места. Инаку, имаме од вакцините на Астра Зенека, Синовак и Фајзер Бионтек, а гужвите деновиве не се само поради новите мерки, туку и тоа што голем дел од граѓаните не го испочитуваа закажаниот термин за ревакцинација од крајот на јули. Велат дека тогаш биле или на годишен одмор надвор од земјата или од други причини не успеале да дојдат, па еве сега доаѓаат за втора доза. А бидејќи не сакаме никого да вратиме, вакцинираме и закажани и незакажани, и оние со термин и оние кои ни доаѓаат без термин – нагласува Миркоска. 
Вчера во Скопје беа отворени уште  4 пункта за вакцинација против ковид-19.
Кои ќе бидат казните за гостите ќе се знае деновиве 
За тоа какви ќе бидат казните за граѓаните кои ќе бидат затекнати без сертификати во објектите, а какви за сопствениците на ресторани и други објекти и кои се инспекции ќе ги проверуваат гостите, надлежните најавуваат  дека во текот на следните денови ќе се реши како ќе се спроведува одлуката и кој точно ќе легитимира.
– Угостителските објекти може да бидат казнети заради непочитување на мерките во делот на бројот на гости и одржување на собири на истиот начин како и досега. Казни за гости кои немаат сертификат, а се затекнати на местото како и дали ќе има казни и за угостителите ќе се одлучува во следните денови. Во овој период ќе зајакнат контролите на инспекциските служби и апелираме граѓаните да ги следат овие препораки и мерки – одговараат од Министерството за здравство.
„Затворено за невакцинирани“ 
Владата на последната седница донесе одлука лице коешто не е вакцинирано против ковид-19 да нема право да влезе во угостителски објект или да  присуствува на настан на кој има повеќе од 30.

– Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани), информираа од Владата.

Љубица Балабан
вакцинација граѓаните зголемен Интерес поликлиника Букурешт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.