Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турнејата на Роџер Вотерс во Германија може да се откаже поради неговиот антисемитизам и поддршка на Путин

0
By Ана Василевска on February 1, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, е под се поголем притисок да биде откажана, поради неговиот се поотворен антисемитизам, неговите повици до музичарите да не настапуваат во Израел,  и неговата поддршката за рускиот претседател Владимир Путин.

Роџерс ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел, а на мета на поранешниот басист на Пинк Флојд биле Ник Кејв и Том Јорк од групата Radiohead. Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity.

Иако тој тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со обвинувања за антисемитизам, што ги доведе во прашање концертите во Германија.

Вотерс се подготвува за турнејата наречена „This is not a drill tour“, во чии рамки на 28 мај треба да настапи во неколку германски градови, меѓу кои и Франкфурт.

Сепак, политичарите од Франкфурт, вклучително и градоначалникот Наргес Ескандари-Гринберг, бараат да се откаже неговиот концерт. Од почетокот на војната во Украина, Вотерс го поддржува Кремљ и ги критикуваше западните влади за испраќање оружје во Украина, а го обвини и американскиот претседател Џо Бајден дека го провоцира почетокот на војната.

И не се само концертите во Германија во прашање. Одредени извори во Полска објавија дека двата концерта на Вотерс закажани за април во Полска исто така биле откажани поради неговите ставови за војната во Украина.

Тој неодамна испрати отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленскаја, во кое ја критикуваше владата во Киев дека ги охрабрува екстремните националисти. Тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Војна во Украина Израел концерт Пинк Флојд Роџер Вотерс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.