Турскиот министер за надворешни работи упати остра порака до Австрија поради сугестиите дека треба да се запрат преговорите со Анкара за членство на Турција во Европската унија. Според турскиот шеф на дипломатијата, Австрија е престолнината на “радикалниот расизам“.
Во интервју за ТГРТ Хабер, Мевлут Чавушоглу рече дека неодамнешните коментари на Австриецот Кристијан Керн се непристојни.
Австрискиот канцелар Керн потенцираше дека веќе не ја смета Турција за кандидат за членство во европското семејство поради начинот на кој претседателот Ердоган се справува со пучистите кои подготвија воен удар на 15 јули но завршија неуспешно.
– Се ова укажува на воспоставување на диктатура (постапките на Ердоган), а таква држава нема што да бара во ЕУ, изјави министерот за одбрана на Австрија, Петер Доскоцил.