Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск: Нема повеќе преговори за договорот, туку само за односите Лондон-ЕУ

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 СВЕТ
Фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека ЕУ стои зад усвоениот договорот за излез на Велика Британија од ЕУ и политичката декларација за иднините односи, како и дека има намера нив да ги ратификува.

-Тоа повеќе не е отворено за преговори, рече Туск, додавајќи дека она што претстои се само преговори за идните односи меѓу Унијата и Велика Британија.

Туск, по обраќањето на британската премиерка Тереза Меј, а потоа и дискусиите со лидерите на 27-те членки на ЕУ, повтори дека Европскиот совет не сакаат дополнителни преговори за веќе усвоен договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ.

-Европскиот совет потврдува дека сака во иднина да воспостави што е можно поблиско партнерство со Обединетото Кралство. Ние сме подготвени да започнеме со подготовките веднаш по потпишување на договорот за Брегзит, за да осигураме дека преговорите за идните односи можат да започнат што е можно поскоро, по повлекувањето на Британија, рече Туск.

Тој рече дека британската премиерка Тереза ​​Меј ги информирала лидерите на ЕУ на самитот во Брисел за проблемите што постојат во Велика Британија во процесот на ратификација на Договорот за Брегзит. Туск изјави дека Меј барала дополнителни гаранции, за да ја одблокира ратификацијата на договорот во британскиот Парламент.

-Европскиот совет нагласува дека заштитната мрежа ќе биде употребена само времено и тоа додека не биде заменета со друг договор, кој ќе овозможи избегнување на т.н. „тврда граници” (меѓу Ирска и Северна Ирска). Во тој случај, ЕУ  на најдобар начин ќе се потрудии да преговара и да склучи брзо дополнителен договор, кој ќе ја замени заштитната мрежа, истакна Туск.

Претседателот на Европскиот совет повика на зајакнување на подготвеноста на сите нивоа за излез на Велика Британија од ЕУ, земајќи ги предвид сите можни исходи.

брегзит Договор ЕУ Лондон Меј односи Туск
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.